По официјализирањето на соработката со опозицискиот блок на Албанците

Мицкоски: Со договорот со Алијанса и Алтернатива ВМРО-ДПМНЕ направи историски чекор

Договорот за соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива претставува историски чекор и за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ, изјави во Берово лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. „Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови, ќе се подржуваме во определени општини, ќе се подржуваме на ниво на кандидати за градоначалници. Таму каде што Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ нема да има и обратно“, рече Мицкоски.

Оваа коалиција, како што рече Мицкоски, ќе ги победи поделбите, криминалот и корупцијата и ќе покаже дека Македонија има можности со политичари кои се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ.

„Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ и дека може поинаку и дека не треба да се губи надежта и дека најдобрите времиња допрва доаѓаат“, рече Мицкоски.

Во врска со кандидирањето на двајца градоначалници без поддршка од нивната партија СДСМ, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира за раскол во друга партија.

„Од она кое што го слушам од медиумите двајца нивни актуелни градоначалници практично ќе настапат на овие избори како кандидати коишто ќе бидат поддржани од група избирачи, односно независни кандидати. Тоа што е важно дека е доаѓа крајот на оваа неспособна власт предводена од коалицијата СДСМ и ДУИ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ..

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе