Мицкоски: Сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Заев за избори и тесен пораз

„Се што креваа во височините прикажувајќи го како лажен успех видовме дека се враќа како бумеранг соочувајќи не со грдата реалност. А реалноста е дека луѓето се препуштени самите да се грижат за своето здравје и дека системот не само што потклекна, туку е збришан од политички диктати, примеси на суети, дворски игри и желбата да се клекне државата, а сето тоа се прави во обид да се спасат неколку луѓе од одговорност. И така целата држава, сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Зоран Заев за избори и тесен пораз, личните абиции на Спасовски и преголемата желба за пи-ар на пар други министри“, изјави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски

„Луѓето со право се прашуваат зошто седеле дома повеќе од 2 месеци кога вака власта дозволи, поради брзи избори да глуми нова нормалност и да ги изложи сите граѓани на нов ризик. Но и во право се оние кои се чудат како е можно вака ноншалантно веднаш да заборави власта на ризиците, мерките и крантнините, само во функција на налог кој ќе го добие од Зоран Заев да глумат дека се е нормално.

Патем ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек. Ќе ве потсетам само на оние надри медицински пресметки на Зоран Заев кога точно ќе почнел вториот бран, како се имал под контрола, и се така како нему му одговаара наспроти реалноста и бројката на новозаразени која постојано одзвонуваше и се зголемуваше. Кога предупредував на сето ова, Зоран Заев ингорираше.

Секоја моја критика која и тогаш и сега е иста и издржана, завршуваше од власта со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори и дека состојбите биле под контрола, небаре системот не може да биде разнишан, во состојба кога гледаме како целиот буквално пред очи ни се распаѓа.

Се потврди секое мое стравување дека недоволно се штити народот од корона и дека се пристапува премногу политички и непрофесионално. Овде не е стравот од избори во прашање, туку стравот за животите на граѓаните со кои Зоран Заев се коцка барајќи го својот спас од одговорност.

Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација.

Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен.

Ќе кажам во продолжение збор два и за она салто мортале кое го прави Заев и промена на реториката за 180степени каде од фалење дека најсупешно се справувале со кризата сега велат дека виновен бил народот. А тук таму Наќе, јас за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса. Би рекол какво само потценување од Заев кон народот и оживување на онаа нивна позната за СДСМ теза препознатлива дека народот греши. Вистината е дека не е виновен народот, туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и за жал од онаа политизираната комисија за заразни болести. Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони, е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев.

Би посветил внимание да внимаваат и би ги советувал во нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи пред се затоа што тоа е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи. А само ќе потсетам и на редицата други предизвици за овие луѓе кои 66 дена беа вопрвата линија во борбата против Ковид 19.

На тоа дека Заев мислејќи дека со измама ќе добие албански гласови сакаше да провоцира проблем со полицијата за време на  Рамазам Бајран, како и седењето 48 часа дома затоа што било опасно, а кое заврши со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа, затоа што според власта се се средило, па потоа гостите во истите тие ресторани беа виновни. Политизацијата на литијата во Струга, а да не зборам и за онаа неразбирлива мерка за превоз за пензионерите ризикувајќи ги нивните животи како и редица нелогични одлуки. Да не се релативизираат работите затоа што тие се премногу сериозни. Ова е нечесна игра на Заев со човечки субини, која за жал станува се побрутална“, истакна Мицкоски.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе