Мицкоски: Шилегов купува противпожарна скала вредна 1,7 милиони eвра, а во Галичник се гасеше пожар со возила од 20 век

Вчера гореше над Галичник, а се гасеше со опрема од 20 век во земја кандидат за Европска Унија во 21 век. Благодарение на пожртвованоста на пожарникарите и армиските волци, пожарот е ставен под контрола, напиша попладнево на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони евра. Носител на набавката е унгарска компанија... Додека врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000 евра. А да..., сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000 евра (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик). Во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат..., но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи.

Ако се прашувате зошто има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта“, напиша Мицкоски.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе