Мицкоски се сретна со унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Во текот на средбата, како што соопштија од партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изразил голема благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на земјава во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава неговата држава на нашите евроинтеграции. Воедно се заблагодарил за донацијата на вакцини против Ковид-19.

На средбата била афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговори на земјава и Европската Унија.

„Мицкоски истакна дека земјава за жал поради состојбата во која се наоѓа, секој месец трпи назадување на сите полиња, а особено на полињата на борба со криминалот, владеењето на правната држава, економијата и речиси сите аспекти на живеењето. Откочувањето на процесот би бил гаранција дека нема да се случуваат скандали од типот печатење на 214 официјални пасоши на светски криминалци, злоупотреба на европски средства, криминални тендери или јавни набавки во кои највисоки структури на власта на дневна основа се поврзуваа со криминални скандали и коруптивни афери“, наведуваат од партијата.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе