Мицкоски: Се докажува лажната матрица на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски продолжи со средби со граѓани низ Македонија. Тој денеска го посети скопски Карпош, од каде најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман со цел намалување на цените на парно услугите.

„Луѓето се разочарани. Се докажува лажната матрица на власта и измамите кои ги прави Премиерот Заев. Пред изборите за да ја добијат довербата од граѓаните во 1-вата и дел од 2-рата изборна единица во делот на Гази Баба ветуваа намалување на цените на парното. По изборите се покажува дека далеку сме од тоа ветување, односно дека лажеле за ова. Предлог законот кој е поднесен во собраниска процедура за измени на даноците и е пред второ читање никаде не предвидува намалување на ддв-то за топлински услуги од 18 на 5%. Значи Зоран Заев повторно лажеше и за оваа работа. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на овој закон со цел намалување на цената на парно услугите. Граѓаните заслужуваат пониски цени“, изјави Мицкоски.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе