29 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ и Заев се тргнати по удолница од која нема враќање

Две работи се сигурни. Првата – СДСМ паѓа, а втората – ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на прославата на 29-годишнината од формирањето на партијата во Македонската филхармонија во Скопје.

„Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред. И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ сè што поминавме овие две години. И оние кои веруваа од почетокот, но и оние кои не веруваа, а поверуваа дека можеме, на оние кои сè уште не веруваат, а знам дека ќе поверуваат, ви велам СДСМ и Заев се тргнати по удолницата од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува сè посилна, сè поорганизирана и свесна дека нè чека многу работа за да успее Македонија. А победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија!  И ова ви го ветувам“, рече Мицкоски.

Нашата цел е обнова на Македонија, ветувам обнова. А за таа цел и во нејзино име ветувам победа на следните парламентарни избори, нагласи Мицкоски.

„Македонија е жива. Покрај сите бури, сите премрежја, сите пакости кои се случија овие 29 години, Македонија е жива. Тој вулкан на непокорот и најдлабокото чувство кое доаѓа од срцето и кое нѐ прави горди, и среќни не само што тлее, туку татни. Татни затоа што покрај сите неправди и беспаќа секогаш го одбиравме потешкиот, но вистинскиот пат. А ВМРО е чуварот на оваа земја...

И има приказни кои траат долго, и тоа е така затоа што оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве нѐ тука 29 години, по сите премрежја и сѐ она што го минавме особено последниве години, ВМРО-ДПМНЕ се крева. И не само што сме на нозе, туку брзо чекориме, трчаме заедно со народот, да ја спасиме нашата земја од пепелот кој го оставаат. Да изградиме иднина, да го фатиме чекорот со другите од соседството кои нѐ поминаа. Но не само да ги стигнеме, туку и да бидеме подобри. Затоа што оваа земја мора по сите порази и сите неразбрани трговци влезени во политиката да почне да победува. А победата не е нешто недостижно. Потребно е да се има сон, мотив и чест. Тоа го имаше пред 29 години и Драган Богдановски, човек со визија кој ги постави темелите на она што е ВМРО ДПМНЕ денес. Тој во референдумскиот манифест во 1991 година ќе напише. „Покрај мрачната страна на политичките огледала во кое се топи ликот на Македонската Република, постои и светла страна. Интересите на Македонија бескомпромисно и неуморно ги заштитува татковинската илинденска партија ВМРО-ДПМНЕ кој во судбоносните историски моменти се потврди како борец за независна македонска држава. Иако шиканирана од власта, прогонувана, клеветена, ВМРО-ДПМНЕ исполнува во политичкиот живот на Македонската Република многу важна улога бидејќи таа е носител на илинденскиот идеал на македонскиот народ за независна држава“, напиша Богдановски.

А тој го продолжи она што пред 126 години го создадоа 6-те македонски интелектуалци. Тргнаа зошто веруваа. Пострадаа, зошто не се откажаа. Тие за време на нивните животи не успеаја, но успеа нивната идеја, а таа е Македонија. И ова го кажувам не за да бидам неискрено сентиментален, туку за да доловам каква обврска имаме сите ние, и каков грамаден товар на човечки судбини, идеи и верувања сочинува нашата партија, каде честа, слободата и човекот се најголемата вредност. А нашиот сон за Европа, и за европските вредности, наспроти искривувањето на вистина и смислените етикети кои ни ги редат од власта за да го покријат сопствениот неуспех, е дел од нашата најцврста арматура врз која се градат нашите политики. Ние не веруваме во подарени чуда, во розови очила, тоа не постои, туку веруваме во сопствениот труд, и во честа. А ВМРО е чест, идеологија, и вредности. И веруваме во Македонија“, потенцира Мицкоски.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе