Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ го политизира законот за легализација на дивоградбите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека СДСМ го политизира законот за легализација на дивоградбите и бараат виновник на погрешно место, наместо самите да се погледнат. На прашањето дали овој закон нуди скриена амнестија, рече дека „за жал амнестија добил Заев“.

Законот за легализација на дивоградби се политизира од страна на СДСМ, тие повторно бараат виновник таму каде што не е виновникот, но нека се погледнат самите и ќе го добијат одговорот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прашан од новинарите каков е ставот на неговата партија за законот и особено за амандманот којшто стана дел од законското решение во којшто јавноста и експертите препознаа скриена амнестија за политичари и други видни личности кои граделе на диво.

„Ако има скриена амнестија, таа многу порано ја даде еден претседател на државата за денешниот, за жал премиер, којшто е единствен аболициран политичар и човек, којшто со активен судски предмет влезе во неговиот мандат во 2017 година. Тоа е јавна амнестија, тука нема скриена амнестија", рече Мицковски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците од Штип и членови на ОК ВМРО ДПМНЕ денеска во Штип имаше средби со претставник од бизнис сектор, студенти, а првпат и средба со претставници на невладината „Гласен Текстилец".

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе