ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Русковска-обвинителството е чуварот на криминалите на актуелната власт

Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да почне да гледа докази за криминал кај власта? Изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Русковска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство. Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот, вели во реакцијата Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта.

Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Случајот за поткуп на гласачи во 2014-та година, „сосема случајно" бил отворен во 2018-та година и затворен поради немање докази. И сега ние треба да и веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014-та година, туку и на изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде „вождот" немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира.

Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018-та затоа што Вилма Русковска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт.

Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта...

Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се отстрани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото“, се вели во изјавата на Мицкоски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе