Мицкоски: Разговарав со Јанша тој негира дека е креатор на документ за промена на границите

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисјата „Само интервју" на Канал 5 телевизија. При своето гостувње посочи дека разговарал со господинот Јанша кој негира дека е креатор на документ за промена на границите. Но во текот на разговорот господинот Јанша рекол дека за некаков сличен документ разговара Заев.

„Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанша бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа. Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

„А, господинот Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека господинот Јанша иднината на Македонија ја гледа кон обединета Европа и да не се заборави дека токму тој за два месеци од денеска ќе претседава со ЕУ и ќе биде многу битен фактор.

„Господинот Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, пренеси им те молам, моите поздрави, мојата поддршка неизмерна кон македонскиот народ, Македонија и јас иднината на Македонија не ја гледма во вакви квази сценарија создадени во комуњарски поранешни тинк тенкови, туку ја гледам исклучиво во обединета Европа“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека иднината на Македонија не е во прекројување на градиници туку само во обединета Европа. Исто така Мицкоски посочи дека нема да поддржи национални отстапки со Бугарија на штета на македонските идентитетски обележја, оние што ветуваа европска иднина, а државата правеше отстапки да си го остварат ветувањето, лесно е од трибина да даваат коментари.

„Ако сакаш да бидеш играч не треба само од публика да кажуваш како треба. Ќе си преземеш дел од својата одговорност. Овој народ и оваа држава направија премногу национални отстапки, дадоа многу национални концесии. Во 90-тите ни залепија име од кое се срамевме, ни менуваа знаме, добивавме пресуди во Хаг ни викаа важи силата на посилниот, неколку пати менувавме Устав за да на крај не понижат со промена на уставното име. Доста е“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ниту тој ниту македонскиот народ, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да поддржат било каква национална отстапка.

„Ниту едно решение со нашиот источен сосед кое треба да се бара надвор од пристапниот процес на Македонија во ЕУ, нема да поддржиме ако вклучува национална отстапка, тоа да им биде на сите јасно додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе