„Тој е најдобра потврда дека постои криминална коалиција Зоран-Вице и Сашо. Ама домашниот есап, на пазар не излегува. Само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство. Тешка хаварија, за само неколку десетици часови, го упропастија системот и по кој знае кој пат, поплукаа во правдата.
Дека се е договорено и дека нема логика тоа што го тврди Зоран Заев дека наводно жестоко го притиснал и вратил бегалецот од правдата говорат следните факти.
Доброволно тој се прошета пред камерата на провладина телевизија, со прашање на новинарот кој сосема случајно се најде таму... ооо господине па вие сте овде...Полиција нема ама камера има, каква сапуница. Наместо во суд, упат за куќен притвор доби во Обвинителството.
Бегалецот од правдата доби куќен притвор, наместо ефективен притвор, а Вилма рече дека истрага за бегство нема да има. Апсолутно се е јасно. И двајцата рекоа дека имале температура, можеби тие двајцата имаат, но народот нема“, изјави Мицкоски.