Реакција

Мицкоски: Прифатени се условите на ВМРО-ДПМНЕ, одиме на избори, Заев и неговата свита се готови

На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, се вели во првичната реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по објавата на Заев дека е постигнат договор за избори на 15 јули.

„Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За сето ова да престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ. Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна. Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив“, напиша на својот фејсбук-профил Мицкоски.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе