Мицкоски предложи, партнерите прифатија-Коалицијата за подобра Македонија стана Коалиција за обнова на Македонија

По вчерашната лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва се одржа средба на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери на која претседателот на партијата Христијан Мицкоски ги информирал за се она што се разговарало синоќа во вила Водно. 

По средбата со коалициските партнери Мицкоски информираше дека на негов предлог, кој бил едногласно прифатен, Коалицијата за подобра Македонија се преименувала во Коалиција за обнова на Македонија, бидејќи, според него, по многуте турбуленции што се случиле во изминатиот период, на земјата и била потребна вистинска обнова. 

„Добро е што вчера конечно утврдивме дата кога ќе можат граѓаните да кажат, да одговорат на суштинското прашање дали навистина за овие речиси три години блескаме или како што зборувавме ние како опозиција дека владее криминалот, дека арамилукот станува дел од нашето секојдневие”, рече тој. 

Вечерва, како што кажа, ги информирал партнерите за темите за кои се дискутирало синоќа и најави реформи во државата.

„Ви ветувам расчистување на арамилукот, нови реформи во многу сегметни, враќање на правото и нулта толеранција во борбата против криминалот и корупцијата“, порача тој.

Одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека е во преговори со други политички партии за коалицирање, но дека се уште е нејасно дали тоа ќе биде предизборно или постизборно. 

„Со некои од тие што преговараме се видов синоќа, а тие седеа до Зоран Заев“, изјави Мицкоски кој на прашањето дали се работи за албански партии, кусо рече дека преговараат.

Според него, предноста на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголема од онаа што ја кажувал Заев за водство на анкетите, но вели дека нивен предизвик е предноста да биде многу поголема за да имаат, како што рече, стабилно мнозинство.

На вториот дел од состанокот најави дека ќе се разговара и за други теми. 

 

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе