Мицкоски предлага работни групи за францускиот предлог, за СДСМ предлогот е задоцнет

Да формираме работни групи, искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ, изјави вчера Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. На ова реагираше СДСМ со соопштение во кое се вели дека е лажна и лицемерна наводната загриженост на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ“, изјави синоќа Мицкоски.

Претходно работна група во Собранието најави и претседателот на ДС Павле Трајанов. Според Трајанов, во работната група би партиципирале по двајца пратеници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и по еден пратеник од ДУИ и од помалите партии. Работната група би требало да работи на усогласување на заклучоците кои Собранието треба да ги донесе за францускиот предлог.

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија. Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси.

Така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес.

Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести. Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе