17. Конгрес

Мицкоски повторно избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со 489 гласови „за“ и три неважечки ливчиња од присутните делегати, Христијан Мицкоски повторно е избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот 17. Конгрес на партијата на кој што тој беше единствен кандидат.

Во поздравното обраќање Мицкоски пред делегатите на Конгресот рече дека ова е порака за обединување и заедништво.

„ВМРО-ДПМНЕ излегува посилно, со поголем елан и енергија за времињата што следуваат. Ако има некој што се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ може да донесе  сигурност во ова општество, денешниот ден е одговор на тие сомнежии и прашања“, порача Мицкоски.

На Конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“ беше усвоена и нова Доктрина на партијата со 16 клучни точки за идното дејствување на партијата, која според партиските челници ќе ја донесе на власт.

Мицкоски во говорот најави нов концепт на делување и ги повика сите партиски определени и неопределени граѓани да му се придружат, за конечно да биде соборена актуелната власт. Тој пред делегатите кажа дека пред 4 години, кога бил избран за првпат за претседател, верувал дека ќе ја реформираат и ќе вратат партијата на победничките патеки.

„Поминавме низ 4 години на силни искушенија и предизвици. И овој пат нема да зборувам за минатото и за сето она што го поминавме во овие 4 години, а за кое детално и многу отворено говорев во работниот дел од Конгресот. Време е луѓето во Македонија да ги слушнат пораките за иднината и како до нејзе, народот е нестрплив да чуе решенија, за промени, за визија која нема да се претвори во некоја нова лага, за еден поинаков пристап во политиката, за соништата кои мора да ги направиме јаве.

Им се обраќам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на месните комитети, на општинските комитети, на комисиите, униите, на сите наши симпатизери и поддржувачи...

Подответе се...! Нè чека работа, нè чека многу работа. Нè чека борба!“, порача Мицкоски.

Сепак, тој се осврна на минатото.

„На извесен начин партијата беше меѓународно изолирана, со многу проблеми во комуникацијата со државите кои беа стратешки партнери на Македонија. Имавме и сериозен проблем поради потребата од кадровски и структурни промени. Пред 4 години најчестите квалификации кои партијата ги добиваше од пошироката јавност беа ‘најбогатата партија во источна Европа’, седиштето се ословуваше како ‘белиот дворец’, а внатре кабинетите велеа дека се од злато и што уште не“, истакна Мицкоски додавајќи: „Јас поминав како претседател четири години во ВМРО-ДПМНЕ ама уште кабинети од злато не видов, а сметката на партијата никогаш не беше попразна.

Како што рече Мицкоски, откако застанал на чело на партијата во седиштето немало ништо друго освен ентузијазмот на тие што почнале заедно со него да работат дури и за време на викендите.

Тој најави дека како партија влегуваат во втора епоха и додаде дека е потребен нов општествен консензус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам.

„Најавувам  на овој 17-ти Конгрес нова политика, нов концепт на заедништво, наречен Нов договор!

Ни треба нов општествен консезус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам.

Заедничкиот патиотизам значи и отворање на вратите на ВМРО-ДПМНЕ за сите заедници кои веруваат во она во што веруваме и ние, рушење на границите, стереотипите и ново стратешко позиционирање кон сите останати заедници кои се дел од македонската нација, рече Мицкоски.

Во своето обраќање по реизборот тој  дефинираше цели како дел од доктрината и филозофија на делување. Тој потенцираше дека тие цели се ниски даноци, сузбивање на криминалот, влез во Европската Унија, но и заштита на националните интереси.

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе