Мицкоски: Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на нашиот идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва повика на надпартиски предупредувачки протест за, како што напиша на својот профил на Фејсбук, „одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет".

„Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи“, пишува Мицкоски.

Македонија, како што наведува, е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување.

„Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна. Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“, посочува лидерот на опозицијата.

Протестот тој го најави за утре во 18 часот. Ќе се тргнува од СЦ „Борис Трајковски", а ќе заврши пред Владата. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

„Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме. Сега, за да не биде предоцна“, пишува Мицкоски.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе