Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски повика на здружување на сите опозициски сили и нуди поддршка во вториот круг

Изборите покажаа силно антивладино расположение, затоа повикувам на здружена опозиција, секоја разлика меѓу опозициските партии е мала во однос на целта - рушење на влaдата. На целата опозиција, и лева и десна, и на опозиција од центарот, вклучително и на Левица, им подавам рака, на чекор сме од целта Владата да падне. По изборите ќе создаваме ново парламентарно мнозинство - можат кон нас да мигрираат и партии кои се дел од сегашното владејачко мнозинство“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес - конференција пред седиштето на партијата.

 

Мицкоски рече дека победата во првиот круг е јасна. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има над 55 илјади гласови повеќе од коалицијата на СДСМ, има над 70 советници повеќе, веќе има 22 градоначалника, се наѕира формирање на мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје и победа во вториот круг на Данела Арсовска, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека нема дилеми оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, како и кандидатите за градоначалник на Гром во Карпош и на Демократската партија на Турците во Центар Жупа. За други кандидати од други партии кои не се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ или на коалицијата Алијанса/Алтернатива, рече, ќе се носи одлука деновиве.

„Фокусирани сме на вториот изборен круг, но потоа неизбежно ќе се наметне активноста на формирање ново парламентарно мнозинств“, рече Мицкоски и нагласи дека граѓаните треба да бидат будни зашто тој очекува во наредниот период бруталност од полицијата, уцени, закани со цел да се промени јасната, како што рече, антивладина волја на граѓаните.

„Затоа ги повикувам граѓаните на 31 октомври масовно да излезат на избори. Победата ја имаме во првиот круг. Но сликата треба да ја заокружиме целосно. Само со голема излезност може да се победи оваа Влада, со нејзините уцени и притисоци и полнење на кутиите. Така може да се победи полицијата на Спасовски, обвинителството на Рускоска и сите нивни бандити. Така може да ги спроведеме нашите проекти за добро на народот, наместо нивниот прогрес на корупцијата и криминалот, на личниот имот за сметка на сиромаштијата на народот и на прогресот во здравството и ковид-жртвите“, рече Мицкоски.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе