Мицкоски повика на граѓански протест утре од Обвинителство до Врховен суд

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повика на граѓански протест на кој, како што вели, ќе порачаат дека мора да има одговорност за неправдите и дека Заев е виновен.

„Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното. Тоа е приказ како мафијата има своја држава и правдата престанува да дише. Зоран Заев и пукаше во чело на правдата. Заев е правдоубиецот во Република Македонија. Во исто време слушнавме лицемерие, надменост, забеганост. Слушнавме како Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев.

И ова не е единствениот случај Заев да е во незгодна ситуација или еден од ретките скандали за овој човек фатен како на лице место го крши законот. Ова за жал на сите нас, станува пракса, непоправлив тренд на постојано вплеткување на овој човек во криминал, скандали и кршења на законот“, рече Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата.

Според него, аудио материјалот покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат.

„Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд. Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и за таа негова стратегија знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа.

Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или ќе го цитирам ‘трас-трас‘ одлука на Врховниот суд. Значи освен премиер, бил и судија, но и обвинител. И заспаното обвинителство за сето ова молчи“, додаде Мицкоски.

Тој јавно повика на граѓански протест утре во 18 часот. Протестот ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па сѐ до Врховниот суд.

„Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен. Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие.

Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и судството“, рече Мицкоски.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе