Претседателски избори 2019

Мицкоски: Победивме, од Цветници Македонија има нова реалност

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција рече дека победиле и дека од денес, односно од Цветници, Македонија има нова реалност.

„Почитувани граѓани, победивме. Победивме и тоа е победа на сите вас што сте овде и сите оние што денеска ја поддржавте Сиљаноска и идните градоначалници во Охрид и Ново Село. Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата и сите неуспешни криминални политики чиешто олицетворение е Зоран Заев. Неопходен е втор круг, и најважно, ја победивме хотел-коалицијата. Доаѓа правдата за Македонија, за која добивме сила, правдата што му е насушно потребна на нашиот народ. Заев донесе криминал и корупција. Победата е голема бидејќи е на народот. Од Цветници Македонија има нова реалност. Народот против целата власт, власта е делегитимирана. Почна падот на Зоран Заев. Тој има име и презиме, Зоран Заев. Народот никогаш не греши и не заборава, за притисоците, за прогонот, за името, за идентитетот, за криминалот... Вистинската сила се граѓаните. Доаѓа македонската пролет. Победивме во Неготино, Кавадарци, Велес, Крушево, Виница, Кочани, Росоман, Охрид, Ново Село...“, изјави Мицкоски.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе