Претседателски избори 2019

Мицкоски: Победата на 5 мај ќе не донесе и до предвремени парламентарни избори

Додека власта измислуваше, клеветеше и лажеше, ВМРО-ДПМНЕ работеше и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги победи сите останати кои беа на другата страна, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Кавадарци.

„Никој не веруваше дека ВМРО-ДПМНЕ од едната страна и сите останати од другата страна, дека ќе победиме. Тие измислуваа, подметнуваа, клеветеа, кодошеа, лажеа, а ние работевме. Тие ќе продолжат, тоа е нивната навика, такви се тие од СДСМ, а ние ќе продолжиме да работиме затоа што ние сме различни од тие од СДСМ, ние сме ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека додека тие продолжуваат да кодошат и да клеветат,  ВМРО-ДПМНЕ ќе работи и така работејќи ќе победи на претседателските избори на 5 мај, а таа победа ќе донесе предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи, а веднаш после таа победа не чека многу работа затоа што треба државата да се крева од пепелта која оваа власт ќе ја остави.

„Но, тоа е само првиот дел од нашата мисија. Тоа се првите два меѓника. Првиот меѓник е на 5-ти мај, а вториот ќе биде на предвремените парламентарни избори. Но, потоа браќа и сестри, не чека многу работа. Не чека засукување на ракавите, затоа што државата ќе треба од пепел да си ја вадиме, од онаа пепел во која што оние политички измамници ќе ни ја остават“, нагласи Мицкоски.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе