Локални избори

Мицкоски: Победа за нови парламентарни избори, веројатно предвремени

Победивме на локалните избори, а оваа победа е вовед за победата на следните парламентарни избори, кои многу веројатно е дека ќе бидат предвремени, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој им се заблагодари на сите, на граѓаните и на политичките партии, за, како што рече, победата на локалните избори.

„Македонија мора да се менува. Промените почнаа вечерва. Надежта ја победи апатијата. Промените се случија за обединување и подобар животен стандард. Ова е победа на народот на Македонија“, кажа Мицкоски, кој изрази посебна благодарност до Левица.

„Сите заедно срушивме бариери, докажавме дека еден широк опозициски фронт е возможен и поставивме основи за идна владина коалиција врз меѓусебна почит и разбирање и покрај разликите. Покажавме дека можеме да се обединиме во заедничка цел против корупцијата, криминалот и за Македонија во ЕУ. Ова е огромна победа и за следните парламентрани избори кои многу веројатно е дека ќе бидат предвремени“, рече Мицкоски.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе