Мицкоски по средбата со Пендаровски: Бараме правда за осудените лица од 27 април

Наидов на разбирање од страна на претседателот Пендаровски. Она што е реалност поврзано со настаните на 27 април 2017 година е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба, и второстепена судска одлука на лицата кои се осудени, во моментов е завршена и за жал најголем дел од нив ја немаат таа одлука добиено за да можат понатаму да си ги користат своите права, да можат понатаму врз основа на новите докази кои ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

 „Апелацискиот суд уште во февруари донесе решение, а осудените се уште ја немаат добиено таа одлука. Апелирам политичарите да се држат настрана, односно да ги тргнат рацете од судството и обвинителството. И доколку политичарите, а тука пред се мислам на врвот на власта да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите и да престанат да дивеат, тогаш мислам дека најголемиот дел од обвинителите и судиите ќе обвинуваат и ќе судат согласно словото на Законот и согласно би рекол Уставот.

Очекувам постапки да има во периодот кој што следи.

Што значи терористичко загрозување на уставниот поредок по непостапување? Имаме случаи кои се терористи ама не постапиле како терористи и истите се осудени на 15 односно 18 години затвор. Ние не бараме амнестија, не бараме милост, туку бараме правда за осудените лица. А, правдата практично и еден од овие осудени лица ја побара при завршните зборови кога завршуваше овој судски процес пред судијата и кажа дека направил грешка, но не и дека сторил терористичко дело. 'Не сум терорист, јас ја сакам мојата држава, јас го сакам овој народ, и никогаш нема да бидам терорист кој ќе направи нарушување на уставниот поредок и терористичко однесување', рече тој.

Но, за жал имаме политичари кои нарачуваат и имаме судии кои испорачуваат. Денеска тој судија е судија во Уставниот суд. Така што она кое го барам не е милост, не е амнестија, туку правда, а правда преку дополнителни докази кои што бранителите на овие лица ќе можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд за човекови права, откако ќе ја добијат второстепената пресуда“, рече Мицкоски по средбата.

„Ние разговараме за правда. Тоа е основното нешто што треба. Ние сме политичари кои треба да се грижат, граѓаните имаат загарантирана правда и нема никогаш да бидам мирен ако видам и еден човек кој доживеал неправда поради политичко дивеење врз судски одлуки“, рече Мицкоски и додаде дека никогаш нема да престане да се бори за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност.

 

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе