ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски по кандидатурата на Ѓорчев вели дека сѐ ќе се одлучи на конвенцијата

Ќе ја почитувам одлуката на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 16 февруари, одговори Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија на новинарското прашање дали ја поддржува кандидатурата на пратеникот Влатко Ѓорчев.

Пратеникот Ѓорчев пред два дена ја најави кандидатурата и се пријави на огласот што го распиша ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Македонија. Неговата кандидатура ја поддржаа и Антонио Милошоски и Александар Спасеновски.

На новинарско прашање дали ќе прифатат скратени рокови или ќе инсистираат на сто дена пржинска влада, Мицкоски порача дека власта треба да го почитува Законот за Влада, кој важи и за предвремени и за редовни избори.

„Откако е Заев на власт, постојано правиме компромиси. Во принцип сум легалист и сум за почитување на правото и правдата“, додаде тој.

Мицкоски не одговори и на прашањето дали ако неговата партија не ги добие претседателските избори ќе се повлече од лидерската позиција. Тој рече дека за тоа ќе одлучувале органите на партијата откако ќе се направеле анализи по изборите.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе