Претседателски избори 2019

Мицкоски: По големиот триумф со Сиљановска, следуваат предвремени парламентарни избори

Македонија живее и ќе продолжи да живее доколку го сонуваме сонот за Македонија и доколку се бориме тој сон еден ден да стане јаве. Доколку престанеме да го сонуваме тој сон за Македонија и доколку престанеме да ги следиме идеалите и аманетот на нашите предци за жал ниту Македонија ќе  живее, ниту ние со нејзе, изјави денеска во Пеленица Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа јас ја користам оваа прилика и на оние помлади генерации тука кои се со нас, иако јас лично не се сметам за генерација која е во завршниот дел од својата политичка кариера, но зборувам за оние млади генерации на Унијата на млади сили, на сите оние кои се денеска тука да продлжат да го следат идеалот и аманететот на генерациите пред нас и за Македонија, и за ВМРО, и за ВМРО-ДПМНЕ да го надградуваат и прошируваат, и навистина еден ден Република Македонија да биде горда и достоинствена што одгледала такви синови, ќерки, такви граѓани, такви жители во Република Македонија. Затоа тоа е многу значајно.

Практично се во нашиот живот ѝ должиме на Република Македонија и токму тоа е основната димензија на македонизмот, да си ја сакаме Република Македонија како наша мајка, да си ја почитуваме.

Луѓето како резултат на сите овие порази, национални и недостоинствени однесувања на одредени политичари, не зборувам од само сега, зборувам и во минатото, не зборувам само на националната основа, туку зборувам и на онаа останатата општествената, социјалната димензија.

Некако како да ја ставија во втор план љубовта, емоцијата кон татковината. Ние во новата програма посветуваме посебен столб, посебен дел што ќе ја поврати таа емоција кон нашата татковина да си ја сакаме како наша втора мајка. Затоа уште еднаш да не должам, би сакал на сите вас од прв до последен да ве поканам вечерва од 19 часот да ни се придружите на најголемиот сенароден митинг кој ќе се одржи пред платото на Владата на Република Македонија, каде што ќе говори идниот претседател на републиката проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

Да ни се придружите заедно, заедно да покажеме да покажеме колку сме, заедно да видат дека не има и дека на 21 април, а потоа и на 5 мај се разбира републиката, Македонија добива жена за претседател проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. А потоа се разбира, после големиот триумф на Сиљановска, следуваат предвремени парламентарни избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија, но и во историјата најголемата некогаш направена коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот ќе им покаже што значи победа и што значи навистина одзивот на народот и реакцијата на народот за сите оние лаги за сите оние нереализирани ветувања, неисполнети очекувања, за сиот оној криминал, понижувања, за сето она омаловажување на сопствената држава и сопствениот нација која што за жал денеска во Република Македонија е секојдневие.

Победата на  предвремените парламентарни избори ќе отвори една нова страница, една нова книга за историјата во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе