Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Патот до слободата е вечен, го одиме и денес

На празникот 11 Октомври да се потсетиме на жртвата што ја дадоа македонските херои и да го продолжиме нивниот идеал, да се избориме за правдата и за доброто на државата и идните генерации. Патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во празничната честитка до граѓаните.

„Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор го продолжи стремежот на македонскиот народ за слободен живот и сопствена држава. На 11 Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, се спротивстави против теророт и застана страната на правдата, човечноста и слободата", вели во својата честитка по повод државниот празник претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој порачува дека со Народно ослободителната борба македонскиот народ го потврди континуитетот на борбата за државност и самостојност и ги реализира целите и идеалите на Илинденците, со што ги постави темелите на македонската држава. Со тоа, вели, се оствари и вековниот сон за кој животот го посветија и дадоа многу македонски херои.

„Патот по кој одеа нашите и дедовци и татковци, кои дадоа жртва за остварување на идеалот за државност и слобода, нѐ води и денес во остварување на подобра држава Македонија и подобра иднина за нас и нашите идни генерации. За жал денеска народот повторно е обесправен, а се тргува и со темелот на македонската држава и борбата на оние кои ни ја донесоа слободата и дадоа жртва борејќи се против неправдата. Денеска гледаме откажување и продажба на македонските национални и државни вредности додека врз народот се врши невидена тортура и реваншизам. Неправдите, сиромаштијата и криминалот се секојдневие во Македонија. Токму затоа денес повторно е неопходно да застанеме против неправдите и да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, градејќи светла и сигурна европска иднина", вели Мицкоски.

Сите граѓани во Македонија го живееме истото секојдневие и затоа на 11 Октомври да се потсетиме на жртвата кои ја дадоа македонските херои и да го продолжиме нивниот идеал, да се избориме за правдата и за доброто на државата и идните генерации. Патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација, нагласува Мицкоски.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе