ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Пакетот мерки е недоволен и задоцнет, кризата ќе се продлабочи (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека со него кризата ќе се продлабочи. Според него, оваа помош е далеку од доволна и задоцнета.

„Целиот пакет не е вистински и не е доволна помош“, рече Мицкоски, кој направи споредба со помошта што соседните земји ги нудат на нивната економија.

Тој анализираше дел од мерките на Владат, но исто така и најави дека тие преку нивните претставници во Владата ќе достават предлог мерки и ќе бараат тие да бидат дебатирани и прифатени.

На прес-конференцијата тој презентираше дел од овие мерки што ќе ги достават до Владата. 

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе