Мицкоски: Овие што прават трговија со дрога е војската на Заев која се користи на избори

Зошто баш неговиот возач и зошто баш марихуаната е поврзана со семејството Заеви. Ние не сме 200 милиони држава, ние сме два милиони луѓе се се знае. Ние за самиот проект со марихуаната одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа. Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Еве ќе ви дадам два одговори. Пред некој ден бев во МАСИТ и навистина ме воодушевија неколку бројки, да речеме годишно компаниите односно бизнисот со икт индустријата во Македонија направиле обрт една милијарда евра извоз, Зоран Заев споменуваше бројка дека сите овие компании ќе бил околу 200 милиони евра. Мислам дека треба нив да ги стимулираме и да видиме што и  треба, да им помогнеме да овие луѓе таму ни дрога има, ни опојнни дроги има ни загадување ништо нема, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју".

Мицкоски во своето гостување посочи дека луѓето кои се денес во Влада ова не можат да го разберат и дека овие луѓе кои прават трговија со дрога е војската која потпкупува на избори.

Овие лица кои што се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава, тоа е војската на Зоран Заев  која што на избори уплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа.  Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори кои што се закануваат, оценуваат и притискаат, додаде Мицкоски.

Мицкоски истакна дека претседателот на Собранието не треба така да се однесува како што вчера се однесуваше.

„Пратениците не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата опозиција беа во салата и чекаа на дневен ред да биде 36 седница и да гласаат за сетот законони од петтиот пакет мерки. Талат Џафери треба да најде начин со сите пратенички групи да воспостави хармонија за да се реашватаат работите, а не вака", истакна Мицкоски.

Според него претседателот на Собранието Џафери, може дома да се однесува така своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните.

„Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа требаше Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политиканство. Закони кои сакаат да ги поминат на насилен начин, закони во кои не се прифаќа ниту еден амандман. Или договореното на координациите не коресподнира со тоа што се случува потоа", рече Мицкоски.

Тој укажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да поминат законите, немаше првиот човек да надлежната комисија пратеникот Тимчо Муцунски веднаш да најде начин да поминат законите на комисија.

„Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае",нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека однесувањето на Талат Џафери не му прилечи како претседател на Собрание.

„На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога они ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила", истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Талат неместо да вика по пратениците во Парламентот и фрустрациите да покажува, треба да најде решение.

„Никој не му се плаши. Ако мисли дека некој му се плаши, никој не му се плаши. Со дерење таму никој не му се плаши и треба да знае", рече Мицкоски.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе