ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ова е време на конструктивност, подготвен сум пред министрите да ги презентирам нашите мерки

Подавам рака. Подготвен сум ако треба да дојдам во Влада да ги презентирам решенијата и на крај да ги спроведеме најдобрите мерки за граѓаните. Имаме три главни точки за излез од кризата. И претходно дававме решенија кои беа прво одбивани, а потоа се спроведуваа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и додаде дека на Владата ѝ е потребна помош, а иста така и на државата.

„Подготвен сум да ги одбранам решенијата за излез од кризата и да го направам тоа што е најдобро за граѓаните. Ова е време за конструктивност, а не политиканство“. Мицкоски им се обрати и на министрите и им порача да не креваат паника и да не соопштуваат дека немало пари за администрацијата.

Мицкоски на денешната прес конфернција рече дека единствен министер што може да се сретне на улиците и е во првите борбени редови, е министерот Наќе Чулев.

„За жал, тој не учествува во економските мерки, во здравствените мерки… за тоа си има посебни министри. Одговорноста е на Владата. Нивните политички одлуки може да донесат многу за опозицијата, но чуму ни е тоа ако државата ни е на колена“, рече Мицкоски.

„Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони евра за која Заев зборуваше до пред некој ден, вчера велат дека стана 2 милијарди па ќе слушнете и 3 милијарди евра. Јас сум сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес. Светот е сериозно погоден од здравствена криза, но Македонија има уште еден голем проблем повеќе, тоа е економската криза. И не се знае што е полошо во вакви моменти, пандемијата со корона или неспособноста, бавноста и неодлучноста на Владата да се справи со економската криза. А кризата значи беспарица, отпуштања, руинирана економија, голема сиромаштија...“, рече Мицкоски.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе