По првиот круг од локалните избори

Мицкоски: Ова е прв чекор до финална победа

Во славеничка атмосфера вечерва во штабот на ВМРО-ДПМНЕ партискиот лидер Христијан Мицкоски ја честиташе „огромната победа на народот, на младите и старите, на христијаните и муслиманите, победата на обесправените, на тивкото мнозинство“.

Мицкоски, соопштувајќи ги резултатите, изјави дека победи народот и покрај сите притисоци, поткупи, корупција, победена е полицијата на на Спасовски и примитивизмот на Заев.

„Шансата за нова иднина народот ја зема во свои раце. Ова е триумф на оние кои гласаа и оние кои не гласаа. Триумф на хероите и надеж за заедничката иднина. Сите вие сте најголемата сила на промените. Ова е првиот чекор до финалната победа за просперитетна напредна и развиена Македонија, сигурна и интегрирана. Доста е апатија, криминал и корупција. Благодарам народе македонски, ова е твоја победа. Денеска се радуваме, ама не славиме, Од утре рабита“, рече Мицкоски.

Според него уште по првиот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во Гази Баба, Зрновци, Петровец, Илинден, Штип, Карбинци, Свети Николе, Велес, Босилово, Градско, Неготино, Виница, Кавадарци, Босилово, Прилеп, Могила, Новаци и Јегуновце.

За втор круг во водство се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и во Чучер Сандево, Ѓорче Петров, Радовиш, Битола, Охрид, Маврово и Ростуше, Ново Село, Василево...

„Ова е победа и одговорност. Нема да ве разочарам. Ова е огромна обврска и одговорност. Се радуваме, но не славиме. Утре на работа за народот. Во вториот круг ги повикувам сите гласачи кои сакаат промена како и сите оние кои не се опредлија за нас, во вториот круг да се обединиме, да покажеме слога и заедништво за подобро, за големи работи да ја создадеме иднината сега, промените се можни, а тоа не е ништо друго освен вашата сила“, ги повика гласачите Мицкоски.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе