Мицкоски: Освен морална, мора да има и кривична и политичка одговорност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот тв дуел на Канал 5 со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека за трагедијата во Тетово, освен морална, ќе мора да има и кривична и политичка одговорност.

Тој обвини дека Заев, како лидер на СДСМ и премиер, и министерот Филипче одамна го поминале италијанското сценарио. Модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ, поради што 14 лица ги загубија животите.

Ако некој во Владата и малку има грижа на совест, истакна Мицкоски, тогаш не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати оставките и тоа е првата работа што треба да ја направи.

Не е банална работа оставката, таму згаснаа 14 животи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега сме до авганистанското сценарио и не само што треба да ги прифатите оставките на Филипче и неговиот заменик, туку да размислите и за ваша оставка, му рече Мицкоски на Заев.

Според него, загубени се 14 човечки животи поради неспособноста на надлежните и слабостите на системот поради нивното лошо менаџирање.

„Ако разговарате со роднините на луѓето кои ги загубија најблиските, ќе го видите сиот нивен гнев и револт, но и болката за загубата. Имате директна вина за овој објект како и за сите останати, најпрво да бидат приклучени на електрично напојување за коишто постојат индиции дека е тоа кое го предизвикало пожарот, а потоа има директна вина затоа што дозволиле роднини, што треба да покаже истрагата дека нема одобрение за градба и дека е пуштен во употреба без соодветни документи, што треба германските истражители кои еден ден беа тука да утврдат. Дали еднаш во вашата политичка кариера ќе признаете вина за нешто“, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара од Заев да одговори дали има правилник за модуларните во Министерството за здравство, кој е проектант на овие контејнери, дали се сите модуларни болници вака поставени и како бил обезбеден приклучок за електрична енергија.

На констатацијата на Заев дека „тропа", Мицкоски одговори дека, напротив, ја кажува само вистината.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе