Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Мицкоски: Оставки на Заев, Димитров и Спасовски, уште една покана за Заев за ТВ дуел

Оваа власт води криминална политика, повеќе од 18 месеци води политика против народот, премиерот Заев и министрите Димитров и Спасовски мора да дадат оставки, изјави на денешниот протестен митинг во Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Рекоа дека ќе донесат живот во Македонија, а она што го донесе актуелната влада е црнила“, рече Мицкоски. Тој го потсети Заев и на уште еден изборен слоган - „нема правда, нема мир“, а денес тргуваат и со правото и со правдата.

Поскапувањето на лебот и акцизата, лошите болнички услуги, слабата поддршка на земјоделците, беа некои од точките на кои лидерот на опозицијата ја критикуваше власта. Мицкоки повторно го покани премиерот Заев за ТВ дуел. На условот на Заев за да понуди алтернатива или да каже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, прифаќајќи го преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека веќе неколку пати рекол дека Договорот е капитулантски, а алтернативата што ја нуди опозицискиот лидер е заминување на Заев од власт.

Затоа Мицкоски уште еднаш побара, Заев самиот да избере медиум за директен ТВ дуел.

На говорот на Мицкоски во Велес реагираа од СДСМ и рекоа дека Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро. Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот, соопштија од СДСМ.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе