Мицкоски одби да им се обрати на демонстрантите пред Собрание, дел од нив го исвиркаа

Веднаш после прес-конференцијата пред Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се приклучија на протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира" и „Тврдокорни".

Иако Мицкоски беше на протестот против уставните измени тој одби да им се обрати на демонстрантите.

Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ве повикувам на импровизираната говорница да се обратите на Македонскиот народ и тука има камери и можат да ве снимаат, го повика Драган Угриновски од „Македонија Блокира“.

Тие се обидоа и со добро и со лошо да го убедат да се качи на бината, но не успеаја. Откако ги одби Мицкоски беше исвиркан од дел од присутните.

Претходно Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот.

„Денес е финалниот акт на овој срамен процес во кој Република Македонија е втурната од Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промена на уставното име се доаѓа преку акт на насилство врз процедутите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски. Ние нема да учествуваме во тој проецес, на денешната седница нема да дадеме летимитет за промена на уставот. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и дека оставаат траен белег врз македонското национално единство. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кое се доаѓа преку пазарења, драконски уцени и има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем", изјави Мицкоски.

 

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе