Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со унгарскиот премиер

Мицкоски од Орбан побарал интервенција во спорот со Софија и помош во справувањето со ковид-19

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, а претходно беа на работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објави опозициската партија.

Според соопштението, на средбата со Орбан како одлични и пријателски биле оценети односите меѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побарал од Унгарија поддршка за деблокирање на патот на Македонија кон ЕУ и севкупна поддршка во европските интеграциии, наведвајќи дека блокираните интеграции „се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија".

„Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратегиската агенда. Точно е дека македонската Влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната подготвееност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ", му кажал Мицкоски на Орбан.

На средбата, како што информира ВМРО-ДПМНЕ, станало збор и за економската и здравствената состојба во поглед на пандемијата.

„Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. За огромна жал, Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати од ковид-19 споредено со бројот на жители. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план сој свој расположлив потенцијал", истакнал Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

Мицкоски од министерот за надворешни работи Петер Сијарто побарал поддршка и негово вклучување во одблокирање на пристапиот процес притоа нагласувајќи дека „државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија".

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе