На отворањето на македонскиот културен клуб во Бугарија

Мицкоски од Благоевград: Тука сме со пораката дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска заедно со лидерот на Левица присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград пред медиумите изјави дека правото на самоопределување кое е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти треба да го почитуваат сите, посебно земјите членки на Европската унија.

„Тука сме да ја испратиме пораката дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. И за тоа во 21 век веќе не треба никој да има дилема, ниту треба воопшто да се разговара. Треба да се почитува правото на самоопределување, а нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти“, рече Мицкоски пред отворањето на клубот.

Прашан зошто не се почитува правото на бугарските Македонци, Мицкоски истакна дека со македонскиот Устав е загарантирано правото на сите малцинства кои живеат во државата и дека македонскиот Устав е согласно сите меѓународни норми и правила.

„Прашањето е зошто правото на Македонците во Бугарија не е признаено. Секое малцинство во Македонија си има свои права загарантирани со Уставот и според последниот попис 1.500 Бугари имаа право да се определат“, рече Мицкоски.

Одговарајќи на прашања од бугарските медиуми, Мицкоски праша дали се запрашале зошто пред влезот на Бугарија во Европската унија немало Македонци со бугарски пасоши.

„Сте го поставиле ли прашањето зошто пред влезот на Бугарија во Европската унија имаше нула Македонци со бугарски пасоши. Поради определени економски причини некои од нив можеби одлучиле да извадат пасоши“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не е причината што подгрева тензии, туку причината која обединува.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе