На крајот од „автомобилскиот протест“

Мицкоски очекува победа на градоначалничките избори во Штип

Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие исполнето со грабежи од владејачката структура, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во штипско Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ во Штип на изминатите избори победи, победи и на претседателските избори и на првиот и на вториот круг, а така ќе биде и следните предвремени градоначалнички избори кои што ќе се случат овде, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако протестот со автомобили што тргна од Скопје пристигна во Штип.

„За кандидатот кој што ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме поддршка од сите штипјани, практично од сите оние кои што денеска се незадоволни од изминативе три години раководење на актуелниот министер за транспорт и врски, а поранешен градоначалник Бочварски", рече Мицкоски.

Тој очекува да престанат бизнис семејни интереси во Штип и, како што рече, да престанат семејните транзициски интереси низ Македонија рефлектирани преку семејствата кои во изминатиов период пустошат во Штип.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе