Мицкоски очекува и цензус и победа на Сиљановска на 5 мај, не помислува на друга опција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува да биде постигнат цензус на вториот круг од претседателските избори на 5 мај.

„Следен претседател на Република Македонија е Гордана Сиљановска Давкова. Очекувам да има цензус на 5 мај”, рече Мицкоски на новинарско прашање по присуството на Велигденската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски".

На прашањето дали ќе преземе одговорност доколку изгуби нивниот кандидат на претседателските избори, тој вели дека не помислува на друга опција освен победа, а што понатаму ќе одлучел Централниот комитет на партијата. 

„Се разбира дека секоја изборна трка е момент кога треба да се испитаат ангажманите и политиките. Но, ние со првиот ктуг покажавме и докажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана, дека е цврсто на нозе. Победи во 47 општини во Република Македонија, освои 42,5 проценти од гласовите на оние кои одлучија да излезат во првиот круг. Јас не ни помислувам дека има друга опција за Република Македонија и за граѓаните освен опцијата дека Сиљановска Давкова е идниот претседател на државата. Се разбира Републичкиот изборен штаб ќе презентира извештај за сработеното, а Централниот комитет е тој кој што понатаму ќе одлучува како и во која насока партијата ќе се движи”, рече Мицкоски.

Во врска со законот за јавното обвинителство со кој се решава идниот статсус на СЈО, Мицкоски рече дека работните групи работат, но дека во моментот фокусот е на претседателските избори, по кои очекува решение за законот.

„Знам дека има размена на документи. Сѐ уште е тоа во работна верзија. Фокусирани се, претпоставувам сите сили кон вториот круг на претседателските избори. Се надевам дека веднаш после тоа ќе седнеме и ќе ја завршиме и таа работа. Но и сега СДСМ има можност, нека ги прифати амндманите што опозицијата ги  предлага и веднаш да појдеме во Собрание да го изгласаме законот”, вели Мицкоски.

Во однос на најавените чистки во СДСМ, рече дека не верува дека нешто од тоа ќе произлезе. Според него, „метлата" ќе почне веднаш после предвремените парламентарни избори, кога актуелната власт конечно „ќе ја добие заслужената позиција на темната страна на историјата".

Коментирајќи ја изјавата на Зијадин Села од Алијанса за Албанците, во однос на тоа дали ќе ги повика гласачите на Блерим Река да излезат да гласаат во вториот круг од изборите, кажа дека очекува конечниот став да го каже на Претседателството на партијата закажано за в четврток.

 Фото: МИА

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе