Во интервју за МИА

Мицкоски обвини дека власта не сака договор за ЈО, а нова лидерска е можна ако има приближување на ставовите

На власта не и одговара да се донесе законот за јавно обвинителство, СДСМ сака да го закочи целиот процес. Не сакаат да се договориме затоа што сакаат да имплементираат правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици. Не сум оптимист, убеден сум дека не сакаат да има договор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

За тврдењата дека токму ВМРО-ДПМНЕ не сака да се донесе законот, Мицкоски вели дека би сакал да знае на што се темелат тие обвинувања, потенцирајќи дека немаат намера да легитимираат беззаконие, ниту да прават компромис со правото.

„Но, секој оној кој се огрешил пред законите и што се посрамотил пред граѓаните, сме кажале, сме го повториле во неколку наврати многу гласно и јасно дека треба да сноси одговорност”, изјавува Мицкоски.

Тој во интервјуто посочува дека по последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и оти во моментот позициите на двете преговарачки страни се многу различни.

За тоа дали ќе има нова средба со Заев за законот за ЈО, Мицкоски вели дека лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни.

„Кога ќе видиме дека работните групи ги приближиле ставовите, би можеле да организираме лидерска средба и да видиме дали можеме да се договориме”, изјави тој.

Мицкоски ги отфрла, како што вели, сите шпекулации дека веќе разговаат со потенцијални кандидати за јавен обвинител, што опозициската партија би го предложила како свој кандидат, доколку се постигне компромис.

Претседателот на опозициската партија изјавил и дека очекува и оти ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа земјата да отпочне преговори за влез во ЕУ, но дека неговите информации се половични и дека добивањето датум нема да биде вообичаено како што било за другите земји, туку дека ќе биде некој условен меѓукомпромис и дека ги повикал сестринските партии од земјите-членки на ЕУ да не поддржат за донесување на оваа одлука.

Во интервјуто за Мицкоски говори и за неговите очекувања за случајот „Рекет”, додавајќи дека не бил повикан во обвинителството откако кажа дека поседува документи од свиркач за случајот, за преземањето на случаите од СЈО и состојбите во праводудниот систем воопшто, одговара зошто опозицијата бара предвремени избори на пролет, за актуелните состојби во партијата, за нивните следни теренски активности и средби со граѓани, но и за тоа како ќе ги натераат граѓаните да излезат воопшто на гласање по бројните избори во изминатите години и гласањето за референдум и разочарувањето од политичките елити што финишираше со случајот „Рекет” и приворот за Катица Јанева.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе