Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук ја коментираше денешната пресуда против петмина обвинети во аферата „Мафија“, а кои на првото рочиште ја признаа вината и добија пресуди.

„Кога ја објавив аферата Мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската ‘Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници требаат да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта. Договорена работа и голем срам!Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе