Предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Ние зборуваме за проекти, СДСМ се заглавени во минатото, споменувајќи некаков режим

По средбите со граѓани во Крива Паланка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека она што можел да го види е тажна, мачна слика, а луѓето не се задоволни од секојдневието.

„Не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото, сѐ уште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа кое што тие го нарекуваа режим. Наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина. Но, она што е вистина и факт е дека ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев ја донесе нашата држава, нашата Македонија и ја претвори во хибриден режим, а на скалата на Транспарентност Интернешенел по нивото на криминал и корупција, практично се наоѓаме на 106 место или би рекол на дното во Европа“, рече Мицкоски.

Тој во изјавата додаде дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за нивната понуда, „за проектот Обнова кој е испишан на 360 страни, како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција“.

„Така што имавме што да понудиме и имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале, сето она за кое што се обврзавме да го испорачаме“, рече Мицкоски.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе