Реакција

Мицкоски: Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните, оставка веднаш

Оставка на министерот за здравство веднаш. Но, и тоа не е доволно доколку за краток период не се преземат мерки и активности за средување на хаосот. Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните. И ова треба да престане, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по десетината смртни случаи за десетина дена, починати пациенти по операции, смрт од епидемии на морбили и на грип.

„Ова е појава која го загрижува целото општество. Ние сме вознемирени и загрижени. Ако владата не знае како да се справи, нека праша. ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои потенцијали за справување со состојбите. Деновиве сме сведоци на масовна појава на загуба на човечки животи поради неквалитетното здравство. Тоа е загрижувачки, за сите нас. Ова не е дневна политика, иако политичарите кои го водат ресорот се најодговорни. Тука се работи за здравјето на граѓаните. За животот на деца, млади, возрасни.

За два дена згаснаа три млади животи поради епидемија на морбили, и два животи згаснаа поради епидемија од грип. Не вратија 100 години наназад.

Манипулираа со МРП вакцините. Се откри дека има со поминат рок. Министерот Филипче ја лажеше јавноста и со лажно вакцинирање на својата внука. Поради негрижа, и непочитување на законските протоколи се раширија морбилите и меѓу другите болни деца на детската клиника. 33-годишен татко и сопруг починал поради обична скршеница и несоодветна терапија. 61 годишна жена починала само затоа што била препраќана од една болница во друга, со образложение, замислете дека нема доволно место и слободен кревет. На Клиниката за стоматологија се појави опасна бактерија МРСА.

Министерот молчи, премиерот нема фокус, за на крај директорот на Клиниката за абдоминална хирургија со скандалозна изјава да ни порача - цитирам „секој има право да умре".

Граѓаните не плаќаат даноци за да ги финансираат тендерите на министерот, ниту пак бизнисите на Заев туку да имаат квалитетно здравство. Ова се огромни скандали за да бидат премолчени“, рече Мицкоски. 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе