Реакција

Мицкоски: Неприфатлив е ракетниот напад од Газа кон Израел

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој упати апел кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

„Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион“, напиша на ФБ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе