По апсењето на Јакимовски

Мицкоски: Нема страв, не можете толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме

По апсењето на поранешниот градоначалник на општина Карпош и претседател на опозициската ГРОМ, Стефче Јакимовски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук ја обвини власта за политички притисок, а потпретседателот Владо Мисајловски за монтиран процес и шиканирање луѓе по судови.

„Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на заевизмот кој губи. Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за кој било човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта. Очигледно кампањата на заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот.

Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Доаѓа правда за сите“, напиша Мицкоски.

Со изјава се јави и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, според кого,  

„Секогаш кога СДСМ паѓа Рускоска обвинителството и Кацарска судството отвораат нови монтирани процеси и шиканираат луѓе по судови“.

„Ова е втор обид да го исплашат и скршат Стевче Јакимовски и ГРОМ кои продолжија да делуваат опозициски. Ова е нов неоснован обид да се задуши опозицијата“, рече Мисајловски.

Според него, апсењето на Јакимовски е монтиран прогон, исто како што бил и случајот „27 април“, каде, како што изјави, „десетици професионалци од безбедносните служби и граѓани патриоти се соочија со драконски казни за дело кое воопшто и не го сториле“.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе