Во интервју за ТВ Алсат

Мицкоски: Нема да почитуваме едностран договор со Бугарија потпишан од Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешнто интервју за емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М говорејќи за проблемот со Бугарија и дали тој смета дека во декември може да се постигне договор и Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Евроспката Унија, упати порака до Радев и бугарската влада дека едностран договор потпишан од политички бегалец како Зоран Заев новата влада нема намера да го почитува.

„Мојата порака и до Радев и до бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“, вели Мицкоски.

За енергетската криза тој изјави дека е последица на криминалното работење на владата и ќе удри сериозно на стандардот на граѓаните.
„На тие мои анализи очекувам прилично да се зголеми и сериозно да удри на стандардот на граѓаните. Денеска добив информација дека во периодот од 6 до 12 декември ЕЛЕМ увезува електрична енергија во вредност од 4 милиони евра. Знаете што е најтрагично, парите што ги дадоа 4 милијарди денари, се сеќавате кои што ги најавија како помош од 65 милиони евра, ги потрошија во ноември. Ги потрошија, а велеа дека со ова ќе ја надминат кризата. Тие што требаше да копаат јаглен, не копаа, пишуваа фиктивни фактури и сега граѓаните плаќаат. Не донесоа струја, не донесоа ефтин гас“, рече Мицкоски.

 

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе