ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Не знам како може владата да преговара за тоа кој бил Гоце Делчев

„Не можам да разберам да разговараме и да преговараме кој бил Гоце Делчев и не можам да го разберам претседателот на нашата држава кој вели дека Гоце Делчев бил Бугарин. Ние државата ја темелиме на тоа име, тоа не е за разговори, тоа не е предмет на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија. Тоа е исто како да им кажете на Турците што бил Кемал Ататурк. Тоа се работи за кои што не се разговара. Оваа држава постои за тоа име, сме го избрале како народ тоа име и сме ја формирале оваа држава“, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Мицкоски во своето гостување порача дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев бил нешто друго поинакво од Македонец.

„Роден сум така, воспитуван, сум го учел тоа, сум служел војска за оваа држава, луѓе гинеле за оваа држава за тоа име. Тоа име ние го имаме  во нашата  химна“, додаде Мицкоски.

„Изјавите на Денко Малески дека Гоце Делчев е Бугарин се пробен балон и обид да се увиди како македонската јавност би реагирала доколку Владата на Заев прифати вакво нешто во преговорите со Бугарија“, истакна Мицкоски.

„Tоа е јасно како ден, зошто ако не беше така ќе се откажеа како што се откажуваат од еден нивен градоначалник овие денови. Ветив дека нема да го споменувам ама морам да го споменам. Како се оградуваат од него, така можеа и од Денко да се оградат. Да речат, извинете ама ние се оградуваме од ова што го говори овој човек. Ама гледате дека не се оградија, значи оставаат простор за преговори. Не можеме да зборуваме за прифаќање на такви работи. Ние сме се обединиле околу Гоце Делчев и тоа не доаѓа предвид. Ова нема врска со прагмата и нема никаква врска со понатамошното интегрирање на нашата држав во ЕУ. Нема никаква. Затоа нас ни се потребни зрели луѓе и политичари кои знаат ова како да го исправат“, вели Мицкоски. „Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава“, посочи Мицкоски.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе