Мицкоски: Не сме разгледувале имиња за јавен обвинител

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за МИА посочува дека на власта не и одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и дека СДСМ сака да го закочи целиот процес затоа што сакаат да имплементираат правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици.

По последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни.

Очекува добивањето на датум за отпочнување преговори, но вели нема да биде вообичаено како што било за другите земји, туку дека ќе биде некој условен помеѓукомпромис.

Во интервјуто за Мицкоски говори и за неговите очекувања за случајот „Рекет", посочувајќи дека не бил повикан во обвинителството откако кажа дека поседува документи од укажувач за случајот, за преземањето на случаите од СЈО и состојбите во правосудниот систем воопшто, одговара зошто опозицијата бара предвремени избори на пролет, за актуелните состојби во партијата, за нивните следни теренски активности и средби со граѓани, но и за тоа како ќе ги натераат граѓаните да излезат воопшто на гласање по бројните избори во изминатите години и гласањето за референдум и разочарувањето од политичките елити што финишираше со случајот „Рекет" и притворот за Катица Јанева.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе