Мицкоски не разговарал со Ковачевски, вели дека очекува покана за средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека се уште очекува покана од него за средба.

Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори.

Според него, има десетици причини за предвремени парламенатрни избори.

Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока, изјави Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека веќе е подготвен и дека од понеделник во Собрание ќе поднесат закон за измени на Законот за Влада.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе