Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Не е спорна етничката припадност, туку новото име на Македонија на личните карти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повтори дека сака во личните карти да ја пишува етничката припадност, но е против во „пакет“ да оди и промената на личните карти со новото име на државата. За пописот на населението вели дека како што е скроен со законот, нема да даде одговор за тоа како Република Македонија треба да се развива и повика да се изготви нов закон за да се направи вистинска методологија и процедура.

„Во јавноста постои информација којашто е на ниво на политичка калкулација, а тоа е дека прва и основна точка на политички договор помеѓу СДСМ и БЕСА била токму оваа измена во личните карти, односно враќање на старото решение пред потпишување на Преспанскиот договор, кога се брише националност и се додава државјанство, односно граѓанин на државата со новата придавка. Понатаму откако се формира новата влада доаѓа до политички консултации помеѓу владините партнери БЕСА и СДСМ и откако е направена консултација со дипломатски претставник на една соседна држава СДСМ и раководството ретерира од овој претходен договор за личните карти којшто го има со БЕСА, бидејќи јасно им е ставено до знаење од страна на дипломатски претставник дека тоа би значело прекршување на договорот од Преспа. Откако се соочиле со таа вистина почнале да бараат 'спаринг партнери' на политичката сцена кој наместо нив ќе играат улогата на кочничари на ова решение. И оттука се појавуваат определени политички партии коишто сега нас нѐ убедуваат дека ние треба да создадеме нова нација, којашто ќе се идентификува со граѓанскиот концепт 'граѓанин на државата со новата придавка'. Јас сакам со мојата лична карта да стои мојата нација, македонската, бидејќи јас сум Македонец и сакам да се идентификувам како Македонец и навистина тука не гледам ништо лошо, ниту спротивно на она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните коишто себе си се идентификуваат по род Македонци и сакаат во нивните документи и патни исправи да стои дека се Македонци, а не 'граѓани на државата со новата придавка и новото име' и на тој начин создавање на вештачка нација“, вака широко го образложи својот став лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

Во врска со пописот, тој уште еднаш повика да се изготви нов закон кој ќе предвиди, како што рече, вистинска методологија.

„Викендов ќе имаме активности во однос на иницијативата за укинување на Законот за попис. Особено по последните изјави на директорот на Државниот завод за статистика, кој што вчера се извинуваше па се колнеше, жими мајка не мислев така, мислев вака, цениме дека само се потврдува дека станува збор за обичен театар, шарада и операција која што нема никаква врска со статистиката. Барем да не ги малтретираат луѓето нека ги кажат процентите кои што треба да бидат и на луѓе и на домаќинствата за да не го слушаме овој срам со кој што секојдневно се посипуваат владините функционери и државниот врв", рече Мицкоски.

Тој нагласи дека партијата ќе ги искористи сите демократски алатки за укинување на законот и ги повикува сите парламентарни партии, без разлика дали се од опозиција или власт, да дадат поддршка.

„Колку побрзо ќе го повлечат Законот, толку подобро, па да седнеме да направиме вистинска методологија и процедура. Велеа не можат да спроведат со фингер-принт, денеска прочитав дека Албанија во рок од три месеци спровела постапка и обезбедила терминали со кои Државната изборна комисија ќе ги спроведе тамошните избори. Ако нѐ послушаа кога им кажувавме во ноември и во декември ако ја започнаа постапката, апаратите веќе ќе беа тука, адаптирани и ќе можевме да ги користиме за операцијата попис. Но, тоа некој не сакаше да го направи. Ете соседна Албанија им одржа лекција како тоа се прави", изјави Мицкоски.

Според него, власта не само што не знае тоа да го направи, туку има и коруптивни побуди и затоа Македонија, под раководството на Заев, е на 111 место според перцепцијата за корупцијата и има хибриден режим.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе