Мицкоски: Не е до чистката, проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук по најавата од премиерот Зоран Заев за „чистка“ по изборните резултати и порача дека проблемот е до тој што треба да исчисти.  

„Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.
Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100.000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати“, пишува Мицкоски.
Според Мицкоски, Заев донел апатија и разочараност во државата и време е, како што вели, народот да му одржи лекција.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе