Мицкоски: Нашите предци кои го дадоа животот за нашата држава немаше ова политичко мочуриште и оваа реалност да ги прифатат

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со носителот на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија Општина Куманово. Од Куманово Мицкоски порача дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ започнува ера на политичари кои нема да седат во канцеларии, туку ќе се меѓу народот. Меѓу народот и ќе ги слушаат проблемите на граѓаните и ќе ги спроведуваат решенијата низ проекти.

„Сигурно нашите предци кои што животот го дадоа за нашата држава немаше ова политичко мочуриште и оваа сурова реалност да ги прифатат. Затоа за помалку од две недели од денеска сите ние ќе бидеме исправени пред една историска раскрсница  како и на кој начин ќе ја гледаме нашата Македонија во иднина. Каков беше сонот кој што го сонувавме да го досонуваме. Јас сум убеден дека ние сите што сме овде, но и тие што денеска не се со нас, но и оние кои што не следат од балконите ќе го изберат нашиот сон. Сонот за праведна наша татковина Македонија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на Куманово на 15-ти јули да излезат масовно и да го заокружат бројот 14. Тоа бројот кој што овојпат ќе биде број на победничката Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За обнова на Македонија“.

„Ќе се борам за она кое што верувам, никогаш да не престанам да се борам во она кое што верувам, а верувам јас заедно со вас, верувам за идејата за нашата Македонија. Онаа богатата, Македонија која што ќе биде со исправена кичма, а не со свиткана кичма. Македонија со среќни граѓани. Македонија чии што деца ќе се вратат дома и ќе ги наполнат домовите на родителите, кои што со тага во лицето ги испраќаа од своите родни домови и огништа, кои што се среќни кога една неделно ќе им се јават или еднашка во две години ќе се вратат и ќе поминат некоја недела со нив. Вреди да се бориш за една таква различна Македонија, Македонија полна со вредности“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски порача дека вреди да се бори за една таква Македонија кога граѓаните ќе се среќни и полни со оптимизам.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе