ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Нашата цел е да го поразиме СДСМ и да го развластиме ДУИ

Ќе се обидеме да формираме стабилна политичка влада со поголемо мнозинство во Собранието. Ако во тоа не успееме ќе мора да се оди на брзи предвремени парламентарни избори. До понеделник ќе чекаме Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието, а ако тоа не се случи со овие 61 потписи од пратениците ќе ја почнеме процедурада за смена на оваа Влада, изјави Христијан Мицкоски, на денешната конференција за медиумите.

Тој рече дека новата политичка влада ќе мора да има целосен капацитет за работа, да работи ан основните принципи за кои се залагаме, за реформи, а за тоа и се потпишаа овие пратеници – да падне владата на Зоран Заев. Мицкоски изјави дека веднаш по вчерашното објавување на новото собраниско мнозинство почнале притисоците кон пратениците во обид да го повлечат потписот.

„Но, тоа се веќе познати методи на СДСМ. Затоа нашата главна цел на локалните избори беше да го поразиме СДСМ и да ја развластиме ДУИ“, нагласи Мицкоски.

„Заев ги изневери очекувањата на народот. Не донесе резултати. Владееше со измами и корупција. Си поигруваше со достоинството на народот. Останувањето на оваа влада ќе значи само продлабочување на економската криза. Имаме одговорност кон државата и народот да го прифатиме предизвикот во овие тешки времиња. Свесно, искрено и храбро влегуваме во овој предизвик на страната на народот. Овој нов блок е формиран за да се бори против криминалот и корупцијата на власта и за напредок. Очекувам ова ново мнозинство наскоро да биде зголемено за заеднички да ја извадиме државата од криза и да донесме нова иднина. Заеднички и сложно. Ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи ако бидам сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет, со силни институции, влада која ќе понуди стабилност и реформа. Ако не обезбедам целосна ефикасност на владата за справување со кризата и борба со корупцијата и криминалот, тогаш ни преостанува само организирање на брзи предвремени парламентарни избори и народот да одлучи за новата индина. Гледам дека власта е во паника и сакаат да не опишат како анти-ЕУ и анти-НАТО мнозинство. Ние сме анти криминалот и корупцијата на оваа власт и на нивните привилегии. Не е време за триумфализам. Не чекаат сериозни предизвици. Едно е сигурно - промените почнаа и тие се неминовни. Нема запирање. Да поченеме да сонуваме големи работи. Време е да го слушнеме гласот на тивкото мнозинство. Објавувам дека доаѓаат подобри времиња“, рече Мицкоски.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе