„Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова. И ова е израз на целосна немоќ, страв од пораз и тотална забеганост. Во таква една специфична состојба за нив, тие атакуваат врз слободата и интегритетот на првите лица на опозицијата. Ќе потсетам дека и Игор Дурловски беше вербално нападнат од советник на премиерот. Ова раководство на владејачката партија е свесно дека губи и дека им нема спас, ова е крик на очајни луѓе кои прават сѐ за да не одговараат пред лицето на правдата. Ама падот е неизбежен и ништо не може да ги спаси. Овде битката е дали ќе им дозволиме на такви бандити да ни ја земат државата и да ги контролираат нашите судбини или народот ќе си ја врати државата кај себе. Тие не се свесни дека јас и сите околу мене се решени да одиме до крај додека не го поразиме ова зло. Македонија е многу повеќе наша и на чесниот народ, колку што е на криминалците кои сакаат да печалат на туѓата мака. Ако пораката која сака власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нашиот одговор е одлучност. Тие сакаат држава со искривена кичма, ние ќе ја исправиме Македонија и ќе ги победиме. Моја поддршка за Владо Мисајловски. Македонија е посилна од сите нив“, напиша Мицкоски.